Вести Македонија Став Ударни вести

Кабинет на претседателот: Ниту една постапка не е во спротивност со Договорот за пријателство и добрососедство

Сподели:

 

Во врска со соопштението од Министерството за надворешни работи на Република Бугарија, ставот на претседателот Пендаровски е дека ниту една негова постапка, ниту досега била, ниту отсега ќе биде во спротивност со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете држави од 2017 година, вклучувајќи ја и средбата со здруженија на граѓани од Република Бугарија.

Претседателот Пендаровски смета дека секоја институција во двете држави треба да даде свој придонес во надминувањето на отворените прашања и во таа насока е посветен за зајакнување на дијалогот и целосна имплементација на договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

Сподели: