Санкционирани се 178 возачи за брзо возење

Сподели

 

Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на РС Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 178 возачи.

Од нив 21 возило се движело со над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 88 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 90 надвор од населено место.

МВР апелирао сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.