СДСМ и ДУИ вечерва ќе го објават името на консензуалниот кандидат

Сподели

СДСМ и ДУИ веќе постигнале договор за консензуален кандидат за претседател, но вечерва ќе се одржи и конференција на која ќе се објави името на кандидатот.

Во текот на денот ќе се одржи и средба со ДПА и „Алтернатива“ и ако овие две партии се договорат да застанат зад истата коалиција, тогаш и нивните лидери се очекува да учествуваат на вечерашната прес-кинференција.

Партиски извори тврдат дека кандидатот ќе биде меѓу четирите најспомнувани во изминатиот период и тоа Стево Пендаровски, Радмила Шекеринска, Никола Димитров и Оливер Спасовски.