Вести Македонија Став

СДСМ: Криминалецот Груевски потврди дека е лажго и кукавица, но нема да избега од правдата

Сподели:

Никола Груевски е лицето, името и презимето на целокупното криминално зло што 11 години ја уништуваше Република Македонија.

Македонија и многу нејзини генерации, пред се млади, преспскапо ја чинеше криминалното владеење на режимот на Никола Груевски којшто од земјава направи заробена држава а граѓаните ги осиромаши, ги остави без пари и без иднина, – се вели во соопштението на СДСМ.

Сиот криминал, сите можни злоупотреби на институциите, на судовите, на се што можело да се злоупотреби, јавноста го дозна преку објавувањето на „Вистината за Македонија“.

Таа болна вистина за режимот на Никола Груевски се потврдува секој ден.

Криминалецот Никола Груевски е осуден со правосилна судска пресуда, преку транспарентна законска и регуларна постапка а против него се водат уште четири случаи за незаконско постапување.

Осудениот криминалец Никола Груевски самиот потврди дека не е ништо друго освен кукавица и лажен патриот кој се обидува на секој можен начин да избега од правдата.

Кукавичкото бегство и барањето азил нема да го спасат Никола Груевски од одговорност за неговите незаконски постапувања.

Согласно меѓународното право, криминалецот бегалец Груевски ќе биде вратен за да ја отслужи правосилно изречената казна затвор, но и да одговара за останатите сторени дела коишто ќе се докажат на суд.

Македонија е правна држава во која законите владеат подеднакво за сите и некој нема да избега од одговорност.

Оние што го бранат неговиот криминл, како пионот Христијан Мицкоски и антизападното раководство на ВМОР-ДПМНЕ, мора да знаат дека нема да го одбранат криминалот на кукавицата, ниту пак ќе го спасат од одговорност – стои во соопштението на СДСМ.

Правда ќе има. Никола Груевски може да биде сигурен само во тоа!

Сподели: