СДСМ: Мицкоски е спремен се да распродаде – Резолуцијата на ЕПП со Бугарски ставови

Сподели

 

Христијан Мицкоски прави штета, ги поткопува македонските позиции во однос на Бугарија и ја руши државната стратегија, стои во соопштението на СДСМ.

Ставови на Бугарија влегоа во Резолуција на Европската народна партија (ЕПП) на Конгрес на кој присуствуваше лично Христијан Мицкоски.

Лажниот патриот Мицкоски ги поддржа позициите, кои се директна поткрепа на ставовите на Бугарија, а потоа се криеше од граѓаните.

Тие ставови се сосема спротивни на Резолуцијата усвоена во Собранието, со која се дефинирани македонските црвени линиии.

Мицкоски продолжува срамно да делува под маса, очаен и подготвен да распродаде сé, за да дојде на власт.

Но тоа нема да се случи, деструкциите и блокадите на Христијан Мицкоски одново ќе бидат поразени.