Пристигнува нова пратка на вакцини против Ковид-19

Сподели

 

По повод пристигнувањето на нова пратка на вакцини против Ковид-19, премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска во 13 часот ќе одржат прес-конференција.

Прес-конференцијата ќе се одржи пред Институтот за трансфузиона медицина, кој е во составот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.