СДСМ му честита на Румен Радев за изборот за премиер на Бугарија

Сподели:

„СДСМ му честита на Румен Радев за изборот за премиер на Република Бугарија.

Се надеваме дека новата бугарска влада ќе покаже конструктивен и разумен пристап кон Северна Македонија, со цел градење добрососедски односи кои ќе бидат во интерес на граѓаните и на двете држави, без какво било загрозување на македонскиот национален идентитет, јазик и култура.

Македонија е цврсто определена за европска иднина. Единствениот пат е патот на ЕУ интеграциите.

За жал, во Македонија постои криминална група, предводена од Христијан Мицкоски, која свесно го блокира европскиот пат на земјата и создава вештачки конфликти со соседите, заради заштита на својот корумпиран систем.

Веруваме дека преку конструктивен дијалог, без прекршување на црвените линии, со почитување на нашиот национален идентитет и на европските принципи, можеме да ги надминеме сите отворени прашања и да го забрзаме европскиот пат на целиот регион.

Добрососедските односи се најголем приоритет за заеднички соживот во големoтo европско семејство.

Да работиме заедно на подобра иднина и повисок животен стандард на нашите граѓани, со сите членки на Европската Унија.“

Линк до објавата:

Сподели: