Народното собрание на Бугарија денеска ја изгласа новата влада на Румен Радев, со 124 гласа „за“, 70 „против“ и 36 „воздржани“.
Румен Радев официјално го доби мандатот за составување нова бугарска влада. Мандатот денеска му го врачи потпретседателката Илијана Јотова.
Владата положи заклетва, а потоа беа интонирани националните химни на Бугарија и на Европската Унија.
фотоскрин


