Вести Македонија Став Ударни вести

СДСМ: Нема спас за криминалците во редовите на ВМРО-ДПМНЕ со Законот за ЈО

Сподели:

 

Од нервозните реакции на ВМРО-ДПМНЕ овие денови, како и на пратениците на оваа криминална партија покажува дека извршителот Мицкоски е исплашен од Законот за ЈО, од правдата и одговорноста којашто следи.

Извршителот Мицкоски не успева да ги испорача наредбите на неговиот шеф, избеганиот криминалец Никола Груевски, нема спас за криминалот, секој што се огрешил пред законите ќе одговара.
СДСМ е на страната на правдата, на страната на граѓаните и европската перспектива на земјата.
Законот за јавно обвинителство претставува темел на реформите во правосудството и гарантира неселективна правда и одговорност за сите.
И токму  овој  закон е гаранција  дека сите судски предмети кои произлегоа од СЈО ќе имаат правна завршница, а постапките за овие процеси ќе бидат професионални, фер и базирани на докази.
Скриена амнестија нема да има за никого и секој за кого постои обвинение ќе одговара пред институциите, согласно законите во нашата држава – се наведува во денешното соопштение на СДСМ.
Сподели: