СДСМ: Се намалуваат катастарските трошоци до 50%, парите се враќаат кон граѓаните

Сподели

За разлика од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ којашто ги обременуваше буџетите на граѓаните со новoизмислени давачки и ги заглавуваше во административни институционални лавиринти, владата предводена од СДСМ ги намалува административните трошоци што граѓаните ги имаат, ги олеснува процедурите и насочува повеќе пари кон нив, кон граѓаните!
Со најновата мерка на Владата предводена од СДСМ катастерските трошоците се намалуваат до 50%! Тоа значи дека граѓаните за катастерските услуги што ги користеа до сега ќе плаќаат значително помали цени и повеќе пари ќе останат кај граѓаните.

Дополнително, од први септември ќе биде укинато и двојното плаќање во случај кога некој предметот по пријава на странка треба да по втор пат да се поднесува. Ова ќе значи 100% олеснување за граѓаните, деловните луѓе и останатите корисници на катастерски услуги.

До сега, граѓаните, деловните луѓе и други корисници на катастерски услуги, во случај кога предметот е одбиен заради постоење на некаква грешка, независно од која страна, беа принудени на второ поднесување на предметот, по втор пат да ги плаќаат веќе платените такси. Сега се укинува тоа двојно плаќање што финансиски ги оптеретуваше граѓаните, но и деловните луѓе кои користат катастерски услуги.

Истовремено заради децентрализација на услугите и овозможување на полесен пристап и поголема достапност за граѓаните, дел од овластувањата ќе се вратат на геодетските фирми. Очекуавњата се дека ќе се зголеми конкуренцијата, а со тоа и квалитетот на услугите што ги добиваат граѓаните.

Владата предводена од СДСМ ги намалува трошоците за живот, овозможува повеќе пари да останат во семејните буџети и покажува како вистински се води грижа за потребите на граѓаните!