Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Владата на денешната седница ќе разгледува извештаи за работењето на јавните претпријатија

Сподели:

 

Владата денеска, со почеток во 12:00 часот, ќе ја одржи редовната 108-ма седница, на која, согласно дневниот ред, на предлог на Министерството за финансии ќе бидат разгледани Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за установите и Предлог-законот за финансиска стабилност.

На дневниот ред на седницата се и Предлог на Националната стратегија за развој на социјалните претпријатија во Република Северна Македонија (2021-2027) и Акцискиот план 2021-2023 за спроведување на оваа стратегија, како и Предлог на Стратегијата за промовирање и развој на волонтерството (2021-2025).

Владата на редовната седница ќе разгледува и извештаи за работењето на повеќе јавни претпријатија и трговски друштва во државна сопственост, согласно обврските за редовно доставување до Владата, согласно политиките за отчетност и транспарентност во работењето.

Сподели: