Вести Македонија Став Ударни вести

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е докажан непочитувач на државното знаме

Сподели:

 

“Државното знаме е светост и тоа не треба да се сведува на дневни политичко-партиски преписки, ниту да се користи во логоа за прослави”, информираат од СДСМ по повод реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ за логото по повод 30 години независност.

“ВМРО-ДПМНЕ требало до сега да научи дека на државното знаме има сонце со 8, а не со 12 краци.

На логото за годинешниот јубилеј за кој ВМРО-ДПМНЕ денеска глуми наводна загриженост не е ставено знамето туку на него има стилизирано сонце, со видлива разлика и во типот и во бројот на краци.

Логото за јубилејот “30 години независност” е составено од повеќе елементи. На традиционалната црвена основа, обединети се симболите со кои се потенцира 30 годишнината од независноста. Сонцето, уставното име, меѓународниот код МК код бројот 30 раскажуваат за нашата државност.

ВМРО-ДПМНЕ како антинародна партија е и докажан непочитувач на државното знаме.

Доволно е да се види секој нивен протест и заклучокот е евидентен – кај нив не се знае ниту кое знаме го веат, ниту каков став имаат за националните интереси”.

Сподели: