Забрзано се договара новиот владин кабинет. Вчера раководството на СДСМ имаше средба со коалициските партнери.
Додека се чека составот на новата Влада, се подготвува и 22. редовен конгрес на СДСМ, кој ќе се одржи во сабота во Скопје. Се очекуваат повеќе од 700 делегати кои ќе гласаат за лидер на партијата.
До овој момент Заев е единствениот кандидат за претседател на партијата. Можноста да се пријави и друг кандидат е отворена до утре до 11 часот и, доколку пристигне кандидатура, таа ќе биде разгледана и формално одобрена од членовите на Централниот одбор кој ќе има седница пред самиот Конгрес.