
Рускиот министер за сообраќај Максим Соколов изјави дека терористички напад не е главна верзија на падот на авионот. Соколов е шеф на владина комисија за истрага за несреќата.
Руското Министерство за вонредни ситуации соопшти дека се проширува потрагата по телата на жртвите од авионската несреќа и таа се врши во три смени.
Во потрагат се вклучени 3.500 луѓе во 200 различни тимови.
Авион на руското МО Ту-154 со 92 патника се урна вчера во Црното Море по полетување од Сочи кон Сирија.


