Македонија – Времето денеска ќе биде облачно, со повремени врнежи од дожд кои ќе започнат најпрво во јужните делови, а потоа насекаде. Поради продор на постуден воздух врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Ќе има појава на магла во одредени котлини. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информираат од УХМР.


