Сиљановска-Давкова со поддршка до македонските олимпијци во Милано-Кортина д’Ампецо

Сподели:

“Силна поддршка и искрени желби за успешен олимписки настап на македонските спортисти на XXV Зимски олимписки игри во Милано–Кортина д’Ампецо.

Јана Атанасовска, Виктор Петков, Ставре Јада и Ана Цветановска се нашите спортски амбасадорки и амбасадори кои со храброст, дисциплина и посветеност го виорат македонското знаме на светската олимписка сцена.

Во Милано и на снежните патеки на Кортина д’Ампецо, меѓу најдобрите спортисти од светот, тие ќе ја испишуваат својата олимписката приказна, вградувајќи го македонскиот спортски дух во неа,” испрати поддршка до македонските олимпијци, претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Македонскиот народ е со вас, верува во вас и ќе ве поддржува во секој ваш настап!

Сподели: