Се одржа средбата на Рама и лидерите на албанските партии во Тирана

Сподели

 

Вчера во Тирана се одржа средбата меѓу премиерот на Албанија, Еди Рама и лидерите на албанските политички партии во Македонија. 

На средбата беа присутни лидерите на сите политички партии на Албанците во земјава освен првиот човек на Беса, Билал Касами.

Али Ахмети даде оценка дека вечерата била во братски дух, а разговорите во позитивен дух.

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, по средбата изјави дека не разговарале за ништо конкретно, освен за заедничката иднина на двете земји во Европската унија.

„Братска средба си посакавме една на друга и на сите Албанци нова година. Зборувавме за нашата заедничка иднина на патот кон Европската унија, а не за нешто поконкретно.

Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари исто така изјави дека на средбата се разговарало за предизвиците кои ги очекуваат Северна Македонија и Албанија на патот кон ЕУ.

Македонија и Албанија во 2022 започнаа преговори за влез во Европската унија, но македонското Собрание треба да донесе уставни измени и да ги внесе Бугарите во Уставот за да почне отворањето на поглавја во преговорите со ЕУ.