Архивот ќе објави публикација за “Струшките вечери на поезијата”

Сподели

 

Најголемиот дел од архивските материјали и документи од манифестацијата “Струшки вечери на поезијата”, веќе се преземени и се наоѓаат во Државниот архив – одделение Охрид, благодарение на ангажманот, пред се, на раководителот, д-р Никола Митровиќ и на директорот на СВП, Тодорче Тасевски.
 
“На денешната средба со директорот на СВП, Тодорче Тасевски, се договоривме и за проширување на нашата соработка. Покрај средувањето на фондот – Струшки вечери на поезијата, планираме и објавување на заедничка публикација и со други институции кои поседуваат материјали поврзани со СВП. Со тоа трајно би се заокружила и би се зачувала досегашната светска традиција на СВП, што ќе остане значаен книжевен белег во рамките на нашето културно живеење” – изјави по средбата директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески.