Вести Македонија Ударни вести

Се отстранува доградбата на кафе-барот „ПРАВДА“

Сподели:

 

По налог на Општина Центар и врз основа на Решението ИП1 бр. 34-48 од 20.5.2021 година, започна отстранувањето на доградбата на кафе-барот „Правда“ на улица „Мирослав Крлежа“.

 

 

По направениот увид од овластен градежен инспектор, констатирано е дека инвеститорот не поседува одобрение за доградба на објект, како и решение за поставување градби. Доградбата е изградена од целосно застаклена метална конструкција, како и платформата што е покриена со штици, информираат од Општина Центар.

„Упатувам апел до сите инвеститори, кои имаат добиено решенија, самостојно да ги отстранат нелегално изградените објекти. Во спротивно, Општината ќе пристапи кон присилно административно извршување. И наредниот период Секторот за инспекциски работи на Општина Центар ќе продолжи со контролите и со инспекциските надзори“, изјави градоначалникот Богдановиќ.

 

 

Во согласност со Буџетот на Општина Центар, за 2021 година се планирани 12 милиони денари за уривање на бесправно изградени објекти.

Сподели: