Вести Македонија Ударни вести

Заев за „Дојче веле“: Владеењето на правото и на законите е еднакво за сите

Сподели:

 

Владеењето на правото и еднаквоста пред законите важи за сите без исклучок, истакна премиерот Заев, и додаде дека Владата постојано ги следи укажувањата и препораките на независните антикорупциски тела.

„Имаме повеќе од пет високи политичари кои се во затвор со конечна одлука од Основен и Апелациски суд и кои веќе ги отслужуваат своите казни. Ова е голем е успех во споредба со периодот од пред четири години и тоа е многу очигледно. Секој граѓанин може да го следи трошењето на државните пари, сите процедури за набавка се јавни пред да се потпишат и да отпочнат. Сега во главниот фокус ни е дигитализацијата бидејќи преку неа сакаме да го промениме субјективното однесување на јавната администрација“, нагласи премиерот Заев за „Дојче веле“.

 

 

На новинарското прашање, премиерот Заев информираше дека Северна Македонија и понатаму ги истражува сите легални начини како поранешниот премиер Груевски да биде вратен назад, со цел да ја отслужи казната изречена од судот.

„Сакам да истакнам дека и многу екс министри кои биле луѓе блиски на оваа власт, ги отслужуваат своите казни  или се на суд. Имаме многу случаи кои потврдуваат дека владеењето на правото е еднакво за сите. Во нашата земја секој коментар може да покрене истрага. Антикорупциската комисија има комплетна независност и тоа е потврдено во сите извештаи. Имаме целосна независност и на судските органи и на органите на прогонот. Побаравме одговорност и од судиите и 12 судии се отповикани заради лошо работење во нивниот мандат“, рече премиерот Заев.

Сподели: