Вести Изјави Македонија Ударни вести

Се укинуваат сертификатите за влез во моловите

Сподели:

 

Комисијата за заразни болести препорача укинување на сертификатите задолжителни за влез во моловите, односно таму каде не е задолжително носење маски, но потврда за вакцинација или прележаност граѓаните треба да се покажат доколку седат во рестораните или кафетериите во затворените трговски центри.

–  Ова е еден чекор во насока на олеснување на рестрикциите, но секако за следнитот развој ќе бидеме многу внимателни, бидејќи не сакаме со нагло отфрлање на сите заштитни рестриктивни мерки да постигнеме неочекувани резултати, изјави Петличковски.

Здравствените власти почнуваат кампања за зголемување на опфатот за вакцинација и повик на хронично болните да примат бустер доза.

-Според пресметките кои ги добивме од „Мој Термин“, 260.000 граѓани спаѓаат во таа високо ризична група, рече д-р Мехмедовиќ и посочи дека од нив, 130.000 или примиле една доза или непримиле ниту една, а останатиот дел односно другата половина нема примено бустер доза. Ризични групи граѓани, односно оние кои имаат над 65 години и имаат коморбидитети или помлади од 65, а имаат повеќе коморбидитети. Ќе им стигне СМС порака која ќе ги извести дека треба во точно одреден термин да го посетат пунктот за да бидат вакцинирани, информира д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести.

 

Сподели: