Седница на ДКСК за избор на заменик претседател

Сподели

 

На дневниот ред на денешната 21-ва седница на Државна комисија за спречување на корупција ќе се донесе одлука за избор на заменик претседател на ДКСК и дополнување на годишен план за јавни набавки во 2019 година.

Антикорупциската на седницата покрај расправата по предметот од областа за спречување на корупција и за можен судир на интереси, ќе расправа и за предлог извештајот за остварувањето на Државната програма 2016-2019 за период јануари 2016 – декември 2018 година.

Членовите на ДКСК ќе ја разгледуваат и информацијата во врска со реализирање на процедура за планирање, следење и извршување на буџетот за мај и јуни.