7 дена Вести Ударни вести

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб југоисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 12 до 22 степени, а дневните од 30 до 41 степен. Во Скопје температурата ќе достигне до 39 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Од Службата за Итна медицинска помош во Скопје посочуваат дека зголемен е бројот на повици, а граѓаните кои не се чувствуваат добро поради топлото време имаат кардиоваскуларни промени, главоболки, притисок, вртоглавица, малаксаност, поспаност.

Во среда температурата ќе достигне до 40 степени, а попладнето и во четврток ќе има зголемување на облачноста проследено со локален пороен дожд и грмежи, кога се очекува и намалување на температурата, најпрво во северните делови, а од петок и насекаде низ земјава.

Во четврток температурата ќе достигне до 37 степени, а во петок и во сабота до 36 степени.

Министерството за здравство донесе препораки во кои се наведува да се ослободат од работните обврски на најранливите групи население, како што се: бремените жени и лицата на возраст над 60 години, во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот, сите правни субјекти кои вршат активности на отворено да ги запрат активностите во периодот од 11 до 17 часот, што особено се однесува на градежните работници.

Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран ќе имаат проактивен пристап и да пружат помош на осамени стари изнемоштени лица и бездомници согласно предвидените активности во Акциониот план.

Од Министерството за здравство потенцираат дека здравствените установи се подготвени со доволен број капацитети (хумани, просторни) и медикаментозна терапија за евентуално справување со зголемен број лица со штетни ефекти по здравјето од високите температури, а по потреба и на дневна основа, Комисијата за следење на ефектите од високите температури ќе предлага мерки и активности за минимизирање на овие ризици во наредните денови посебно за најранливата категорија граѓани.

Сподели: