Седница на Работниот комитет за европски интеграции

Сподели

Во Владата на Република Македонија денеска седница ќе одржи Работниот комитет за европски интеграции со која ќе претседава вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.

Тема на состанокот ќе биде активацијата на Работниот комитет за европска интеграција и неговото целосно ставање во функција со цел зајакнување на целиот институционален систем за управување и координација и поефикасно решавање на прашањата поврзани со процесот на европска интеграција.

На состанокот вицепремиерот Османи ќе го претстави досегашниот напредок во имплементацијата на делот три од Планот 3-6-9.

Покрај државните секретари на министерствата, на состанокот ќе присуствуваат и претседавачите на поткомитетите, раководителите на работните групи, генералниот секретар на Владата, како и дел од администрацијата на Секретаријатот за европски прашања.