Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со командантот на Националната гарда на сојузната држава Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт, кој од денеска е во официјална посета на земјава.

“Остварив средба со Командантот на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт. Во разговорот се осврнавме на продлабочување на соработката меѓу нашите институции, особено во домените на обуката, размената на искуства и поддршката во изградбата на модерни и ефикасни одбранбени капацитети”, изјави премиерот Мицкоски по средбата со генерал-мајор Грегори Најт, командантот на Националната гарда на сојузната држава Вермонт.
Во текот на престојот предвидена е средба и со претседателката на државата и командант на вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова.


