Вести Македонија Ударни вести

Седницата за предлог-законот за јавно обвинителство одложена за утре во 11 часот

 

Собраниската седницата за предлог-законот за јавно обвинителство и за предлог-законот за јавни обвинители започна вечерва во 22 часот со отворање на расправата, но потоа претседателот на законодавниот дом Талат Џафер ја прекина седницата и расправата ја одложи за утре во 11 часот.

Собранието треба да се распушти најдоцна до недела, за да може да се запазат роковите за одржување на предвремените парламентарни избори, на 12 април.

За законот за ЈО е потребно двотретинско мнозинство. Тој не е официјален услов за добивање датум за почеток на преговори со ЕУ, меѓутоа од високите европски претставници се споменува како позитивен сигнал кој би можел да го придвижи процесот.

Сподели: