Вести Свет

Северна Кореја истрелала две неидентификувани ракети

 

Северна Кореја истрелала две ракети што се толкува како знак на протест против заедничките воени вежби на Северна Кореја и САД. Се уште не се знае типот на ракетите, но Јужна Кореја соопшти дека тие биле истрелани од североисточниот брег на земјата, пренесе РСЕ.

Северна Кореја во изминатиот период вреше тестирања на балистички ракети со краток дострел. Пјонгјанг соопшти дека претходните лансирања биле „свечено предупредување“ за Јужна Кореја во врска со нејзините планови за продолжување на воените вежби со САД.

Сподели: