Шампионот од 2009 на US Open, Дел Потро доби вајлд карта за настап на гренслемот!

Сподели

Аргентинецот кој освои сребрен медал во Рио, Хуан Мартин Дел Потро полека се враќа во препознатливата форма.

дел потро

По долгата пауза поради повреда, Аргентинецот се врати на турнирите, но поради актуелната 141. позиција на АТП листата, требаше да игра квалификации за настап на последниот грен-слем Ју-Ес Опен.

Сепак организаторите му доделија вајлд карта со што Дел Потро ќе стартува директно на главниот турнир и ќе ја зголеми конкуренцијата на терените во Њујорк.

Во Рио, Дел Потро ги победи Џоковиќ и Надал, пред да загуби од Мареј во финалето.

дел потро1

Вреди да се потенцира дека има и една гренслем титула на Ју-Ес Опен и тоа во 2009 година.

The post Шампионот од 2009 на US Open, Дел Потро доби вајлд карта за настап на гренслемот! appeared first on Спорти.


Source: Sporty