Вести Македонија Ударни вести

Шекеринска: Време е ЕУ да покаже динамика во процесот на зачленување на С.Македонија во НАТО

Сподели:

 

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска на маргините на Бледскиот Стратешки Форум оствари средба со Метју Палмер, специјален претставник на САД за Балканот.

На средбата, фокусот на разговорите беше ставен на динамиката на процесот на зачленување на Северна Македонија во НАТО и севкупното значење од интегрирањето на земјата во Алијансата, како и отпочнувањето на преговорите со ЕУ, за регионот и пошироко. Беа разменети мислења и за внатрешно политичките актуелности во земјата, а се разговараше и за случувањата во соседството.

“Навистина мислам дека дојде време кога може да кажеме дека покажавме многу брзо закрепнување, многу брзо резултати, но, исто така, дојде и времето ЕУ да покаже дека брзото закрепнување и брзиот напредок резултира со донесување брзи одлуки. Октомври е важен и за нас и за Унијата. Оваа генерација политичари го направи чекорот за својата земја, го обезбеди членството во НАТО и го заслужи почетокот на преговори со ЕУ следниот месец. Тоа е патот по кој одиме, каде нема место за калкулации со одговорноста. Предметите на СЈО ќе имаат пресуди, секој што се огрешил пред Законот ќе одговара, без исклучок“, рече Шекеринска.

Специјалниот претставник на САД, за Западен Балкан изјави дека правната држава мора да функционира, а времето на партиските игри и обиди да се избегне одговорноста е завршено. „Местото на Северна Македонија е во НАТО и ЕУ“, рече Палмер.

Сподели: