ЖЕРНОВСКИ: Кандидатура за уште еден мандат како градоначалник на Општина Центар

Сподели

Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски изјави дека ќе се кандидира за уште еден мандат во општината. Според него, политичко прашање е дали ќе биде самостоен кандидат или кандидат на СДСМ.

– Кандидатурата ја предадов преку партијата и ја очекувам нивната поддршка. Резултатите се тука, анкетите исто говорат за мојата поддршка. Имам слушнато за идеите за тоа да бидат кандидат за градоначалник за Град Скопје, но за ова уште не е разговарано, изјави Жерновски.