Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Шекеринска во Турција: Потпишување петгодишен Договор за воено-финансиска соработка

Сподели:

 

Министерката Радмила Шекеринска денеска е во еднодневна посета на Република Турција, каде ќе има средба со министерот за национална одбрана Хулуси Акар, на која во име на владите на двете земји ќе потпишат петгодишен Договор за воено-финансиска соработка.

Договорот предвидува годишна алокација на финансиски средства од Турција за Северна Македонија, кои ќе се користат за зајакнување на борбените капацитети, набавка на артилериска опрема и модернизација на Армијата. На средбата ќе стане збор и за идните планови за соработка во одбраната, едукација, обуки и вежби согласно Договорот за билатерална соработка за 2021 година.

Шекеринска ќе присуствува и на отворањето на Меѓународниот саем на одбранбена индустрија IDEF 21 кој се одржува во Истанбул од 17-20 август.
Присуството на саемот IDEF 21 на делегацијата од Северна Македонија предводена од министерката Шекеринска е со цел да се согледаат можностите за набавка на нова опрема во функција на модернизацијата на нашата Армија за што годинава се наменети 25 проценти од буџетот во одбраната.

Саемот на одбранбена индустрија на Турција е меѓу водечките во светот каде се претставуваат највисоките технолошки достигнувања во воената опрема. Се очекува на Саемот да учествуваат околу 1.000 домашни и странски компании и 400 делегации.

Сподели: