Вести Изјави Македонија Ударни вести

Шилегов: Бидете исполнети со многу среќа, благосостојба и меѓусебно разбирање

Сподели:

 

“Драги сограѓани,

Пред нас е еден од најубавите христијански празници – Божиќ, којшто е симбол на радост, љубов и топлина.
Божиќните празници се период кога се собира семејството, но и време на нови почетоци и нова надеж.

На сите Христијани од православна вероисповед кои го прославуваат Рождеството Христово, во мое лично име и во името на Градот Скопје, Ви посакувам добро здравје радост и среќа во текот на целата година.

Нека овие денови бидат исполнети со многу среќа, благосостојба и меѓусебно разбирање” со честитка кон граѓаните се обрати градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

 

Сподели: