Во големата сала на галерискиот простор Чифте амам, на 17 март 2026 во 19 часот, ќе биде отворена самостојната изложба „А“ на уметницата Олгица Антовска.
Поставката е конципирана како долг полиптих од осумнаесет платна, поставени на бела позадина, продолжени во нишите на просторот и четири поврзани циклусиво кружни и елипсовидни форми кои претставуваат своевидно движење, патување на водата, интегрирана како жив субјект.
Основната идеја врз која се темели концептот на водатае поврзаноста и протокот на природата кон човекот, меѓу видливото и невидливото, меѓу тишината и звукот на боите.


