Шилегов: Длабока почит кон сите кои го дадоа својот живот за слободата на нашата татковина

Сподели

 

“Република Северна Македонија денеска го чествува државниот празник 11 Октомври – Ден на народното востание и одбележува 80 години од овој настан со кој во 1941 година беше означен почетокот на народно-ослободителната војна и заокружувањето на раѓањето на македонската држава. На свеченостa во Скопје свое обраќање ќе имаше градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов кој на граѓаните им го честиташе овој голем јубилеј порачувајќи дека денес по цели 80 години се сеќаваме на храброста и одлучноста на нашите партизани и дека наша должност и обврска е да го зачуваме тоа сеќавање и да потсетуваме на нивниот идеал.

 

 

– Сите ние сме одговорни, и како поединци, и како општество, да ја памтиме нивната жртва и да го негуваме нашето наследство од НОБ. Денес, благодарение на нашите партизани ние живееме во слободен град, во слободна татковина, рече градоначалникот Петре Шилегов на почетокот од своето обраќање.

Да ја оддадеме нашата длабока почит, кон сите оние кои го дадоа својот живот за слободата на нашата татковина и кон сите преживеани борци, кои се тука да нè потсетат на бројните херојски борби, кои со нескриен слободарски дух се водеа во тој исклучително тежок период од нашата историја. 11 Октомври нас нè обврзува на почит и верност кон оваа наша земја, но и да не заборавиме колку е скапа слободата. Нека ни е честит 80-годишниот јубилеј од Денот на востанието на македонскиот народ, заклучи градоначалникот Шилегов на крајот од своето обраќање по повод 80 годишнината почетокот на народно-ослободителната војна и заокружувањето на раѓањето на македонската држава”, изјави Петре Шилегов, по повод празникот 11Октомври.