Вести Македонија Статуси Ударни вести

Шилегов го победи коронавирусот – денешниот тест е негативен

Сподели:

 

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов утре се враќа на обврските. Тој на својот профил на „Фејсбук“ објави дека денешниот тест покажа дека е негативен на коронавирусот.

“Почитувани, вечерва ги добив резултатите од вториот тест на Ковид 19. Како и вчерашниот и денешниот е негативен. И официјално, невидливиот противник е победен.

Се гледаме од утре во секојдневните активности. Ви благодарам на сите за несебичната подршка и убавите мисли и желби во изминативе 16-17 дена.

Уште повеќе благодарам на оние кои и не баш имаа такви мисли и желби.Чувајте се, од утре заеднички продолжуваме!” – напиша градоначалникот Шилегов.

Сподели: