Убиен напаѓачот што пукаше во кино во Германија

Сподели

germanija-napad

Маскираниот напаѓач кој попладнево пукаше во кино-комплексот во Виернхајм, близу Франкфурт е убиен, откако бил застрелан од специјалните единици на германската полиција, соопшти министерството за внатрешни работи на сојузната држава Хесен.

„Проценките на полицијата беа дека вооружениот маж држи заложници поради што беше застрелан и убиен“, изјавил министерот за внатрешни работи на Хесен, Петер Бут, додавајќи дека нема други повредени во инцидентот.

Нападот во кино-комплексот „Кинополис“ се случил околу 15 часот по локално време, кога вооружениот маж влегол и се забарикадирал во објектот. Првичните информациите беа дека во инцидентот се повредени меѓу 20 и 50 лица.

Весникот „Франфуртер Алгемајне“ пишува дека засега е нејасно дали мотивите за нападот се од политичка или од идеолошка природа, или пак станува збор за обид за грабеж.

Лицето што го пријавило случајот, на полицијата и кажало дека слушнало четири истрели и дека маскираниот напаѓач му изгледал ментално нестабилен. Засега е нејасно и дали во нападот било користено вистинско оружје.

Убиен напаѓачот што пукаше во кино во Германија