Вести Изјави Македонија Статуси

Шилегов ќе земе 14.500, разликата ќе ја уплати во фондот за борба против коронавирусот

Сподели:

 

“Без оглед на одлуката на Уставниот суд на РС Македонија, разликата од мојата плата до 14.500 денари ќе ја уплатам во фондот за борба против епидемијата од вирусот Ковид 19. Живееме во време во кое секој од нас, треба да покаже барем малку солидарност и колективна одговорност. Државните функционери (секој од нас поединечно) треба да предначат во тоа чувство на одговорност.

Седете дома (иако е тешко). Секој од нас е одговорен за своето и јавното здравје. Почитувајте ги препораките за социјална дистанца и носење на заштитна опрема.

Во извештаите за состојбата на заболените, луѓето се само бројка, но, почитувани, таа бројка може да биде било кој од нас.

Секој е важен. Секој човек е важен.”

ФБ статус, Петре Шилегов

Сподели: