Шилегов: Ова СДСМ одработува за ВМРО-ДПМНЕ

Сподели:

“Очигледно дека постои договор, кој предвидува СДСМ да биде во ваква состојба во каква што е, упорно да ги промашува темите и да дозволи ВМРО-ДМНЕ да истера два мандата, за сметка на тоа да не бидат предмет на определени можни евентуални истраги или кривични предмети. Исто така, се докажа и второто мое тврдење дека, за жал, партијата е кадровски целосно исцрпена и дека луѓето на кои им значи СДСМ, а се сериозен фактор во нашата држава, веќе не се таму, изјави денеска Петре Шилегов по иницијативата за негово отстранување од партијата.

Ако го прочитале статутот, за жал, таму во Извршниот одбор нема кој да го прочита, ќе им биде јасно дека исклучувањето на член на СДСМ го извршува општинската организација во која тој член припаѓа, во која претседателот Филипче првпат влезе кога беше избран за претседател. Па еве ќе ја искористам можноста, ако веќе сака да спроведат такви иницијатива, да дојде во општината Карпош, таму ќе разговараме со членството, јас ќе се потрудам да има сериозно многу, и за моето исклучување, меѓутоа и за неговото заминување. Во однос на тоа дека тие завршиле, тој завршил со Петре Шилегов, јас тоа нема да го дозволам”, изјави Петре Шилегов откако лидерот на СДСМ Венко Филипче на прес конференција соопшти дека ИО на партијата донела едногласна одлука за исклучување на Петре Шилегов, по сериозни проверки од кои утврдиле дека тој работи на поделба и раситнување на СДСМ во договор со ВРО ДПМНЕ односно дека одработува за нив оти бил уценет.

Сподели: