Вести Македонија Ударни вести

ШИЛЕГОВ: 79 години од почетокот на македонската борба за ослободување од фашистичкиот окупатор

Сподели:

 

“Денес, после 79 години од почетокот на македонската борба за ослободување од фашистичкиот окупатор, имаме со што да се гордееме. Во тие тешки времиња, Македонците ја одбраа страната на слободата рамо до рамо заедно со сите народи кои храбро му застанаа на патот на фашизмот како најголема закана за човештвото.

Македонскиот народ тогаш успеа да се избори за слободата благодарение на храбрите херои кои ги положија своите животи за нашата татковина.

Драги сограѓани, Ви го честитам Денот на народното востание со најискрени желби за добро здравје, благосостојба и пријатно празнично расположение. Нека ни е за многу години денот и уште долго да ја славиме слободата”, – изјави градоначалникот Петре Шилегов.

 

 

Сподели: