Вести Изјави Македонија Топ теми Ударни вести

Заев-Ахмети: СДСМ и ДУИ заедно на избори

Сподели:

 

По вчерашната средба на премиерот Заев со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, премиерот на својот Фејсбук профил посочи дека имал одличен состанок со коалицискиот партнер со кој се договориле за заеднички настап на претстојните локални избори. 

 

 
“Имав одличен состанок со коалицискиот партнер и претседател на ДУИ, Али Ахмети. Се договоривме дека СДСМ и ДУИ заедно ќе настапат на претстојните локални избори. Заедничка ни е целта во предизборната коалиција да се вклучат што е можно повеќе партии од владината коалиција.
Во тек се постапките за избор на најдобрите кандидати – тоа ќе бидат личности кои умеат и кои се подготвени да го дадат најдобриот резултат за граѓаните во секој град, во секое село, во секоја населба. Меѓусебната поддршка во некои општини ќе си ја дадеме уште во првиот круг на изборите, а во други општини ќе се поддржиме во вториот круг. Согласни сме дека институциите имаат и обврска и капацитет да испорачаат целосно демократски, професионални и фер локални избори”, напиша премиерот на својот ФБ профил.
Сподели: