Вести Македонија

Шилегов: Владата одбила барања за реконструкција на болници

Сподели:

petre-shilegov-860x661

Петре Шилегов од СДСМ денеска покажа официјални документи од Владата коишто потврдуваат дека, како што рече, дуото Груевски и Тодоров лажат во врска со набавката на медицинска опрема и изградбата на објекти во здравството и дека нивниот интерес за здравството и здравјето на граѓаните е лажен и лицемерен.

– Наспроти нивните ветувања за наводни инвестиции во објекти и опрема во здравството во висина од 33 милиони евра, еве што всушност се случува: За побарана медицинска опрема на Кардиологија, Министерството за финансии одговара: Да не се преземаат активности кои создаваат нови финансиски обврски по Буџетот. За рендген служба во општина Кривогаштани, истиот одговор: Да не се преземаат активности кои создаваат нови финансиски обврски по Буџетот. За изградба на центар за хронични рани во Геронтолошкиот завод 13 Ноември во Скопје, истиот одговор: Да не се преземаат активности кои создаваат нови финансиски обврски по Буџетот. За Реконструкција на Општа Болница во Струмица, истиот одговор: Да не се преземаат активности кои создаваат нови финансиски обврски по Буџетот. За изградба на амбуланта во Секирарци, истиот одговор: Да не се преземаат активности кои создаваат нови финансиски обврски по Буџетот. За пункт за итна помош во Идризово, истиот одговор: Да не се преземаат активности кои создаваат нови финансиски обврски по Буџетот. За реконструкција на Здравствен дом Здравје во Валандово, негативно мислење од Министерството за финансии. Ова е доказ за невиденото лицемерие на Груевски и Тодоров. Едно зборуваат во јавност, другото се случува во позадина. Е ова е вистинското лице на неодговорната власт на Никола Груевски

Сподели: