Шпанија: Во несреќа во забавен парк повредени 33 лица, меѓу нив и деца

Сподели

Надлежните за итни ситуации, денес соопштија дека во забавниот парк „Парк де атракционес“ се случила несреќа и оти меѓу повредените има и шест деца на возраст од десет години

Несреќата се случи кога се судрија два вагона во забавниот луна парк во Мадрид, главниот град на Шпанија, при што беа повредени 33 луѓе, од кои шест деца, јавува Anadolu Agency (AA).

Надлежните за итни ситуации, денес соопштија дека во забавниот парк „Парк де атракционес“ се случила несреќа и оти меѓу повредените има и шест деца на возраст од десет години.

Во болницата се сместени 27 повредени лица, но нивната состојба не е критична.

Управата на паркот во соопштение за шпанската агенција „Europa Press“ (Европа прес) тврди дека ролеркостерот на кој се случи несреќата, утрово ја поминал секојдневната безбедносна контрола.