Алтернатива Вести Македонија Настани

Во ЛАЈКА рекордни 111 стерилизации/кастрации во ноември

Сподели:

 

И покрај тешката финансиска состојба во која се наоѓа претпријатието, и предизвиците со кои се соочуваат вработените во ЈП ЛАЈКА секојдневно, во недостаток на ресурси за работа и неисплатени плати, тимот на ЈП ЛАЈКА максимално и професионално се вложува во остварување на успеси.
 
Во изминатиот месец ноември се спроведени 111 стерилизации/кастрации на бездомни кучиња и со оваа бројка е срушен рекордот на успешно изведени операции на месечно ниво досега во ЈП ЛАЈКА, информираат оттаму.
 
За овој рекорден остварен резултат должиме благодарност на целиот тим при Амбулантата на ЈП Лајка, на нивните заложби, посветеност и професионалност.
Сподели: