Што се случува со РК Вардар? По тренерот Дејвис заминува и претседателот Михајловски!?

Сподели

По исклучувањето на РК Вардар од Лигата на шампионите поради неподмирени долгови, се случува егзодус во тимот.

Најпрво, тренерот Давид Дејвис заминува од местото поради тоа што Вардар нема да игра во ЛШ, а сега стигнува информација дека и претседателот Михајло Михајловски заминува од функцијата!

Вардар и Дејвис имале договор тој да остане, но ако клубот игра во Лигата на шампионите. Наследник ќе биде Владо Недановски, но сепак Михајловски ја остави „отворена“ вратата за Дејвис во случај да го смени мислењето или ако се случи пресврт во ЕХФ.

„Дејвис ми кажа дека ќе си замине ако не играме во ЛШ. Ние имаме замена тоа е Владо Недановски, човек кој работел со Парондо, Раул, Вујовиќ, Алушовски…Тој ќе биде опција. Ако Давид се предомисли кога ќе види дека играчите останеле, може да дојде и да продолжи во Вардар“, изјави Михајловски

На прес конференцијата претседателот Михајловски изјави дека ќе си замине од клубот се додека РК Вардар не застане на нозе.

„Ќе продолжиме да работиме за доброто на Вардар не сакам овој клуб да дојде во ситуација како фудбалскиот или „не дај боже“ како Македонија Ѓорче Петров кој згасна по Трифун Костовски. Сакаме да се претставиме во добро светло дома и во СЕХА лига каде што сигурно ќе играме“.

Од друга страна сите планирани засилувања што требаше да се реализираат во овој период за следната сезона нема да бидат на сила, а останува да се види ситуацијата со Дибиров и Томовски.

Над РК ВАРДАР одново се тешки моменти….. останува да видиме како ќе се одвиваат работите, а финансиска помош беше најавена и од државата и градот Скопје.

The post Што се случува со РК Вардар? По тренерот Дејвис заминува и претседателот Михајловски!? appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico