Спорт

ВИДЕО: Ваков гол се гледа еднаш на 100 години – Ремек дело за наградата Пушкаш!

Сподели:

Фудбалерот на Сан Лоренцо, Габриел Хернан Рохас постигна гол за кој долго ќе се зборува.

Сан Лоренцо го совлада Платенсе со 4:2 на гостувањето, а натпреварот ќе остане запаметен по маестралниот потег на левиот бек на гостите.

Во 75. минута од мечот, Рохас ја прими топката на гради на работ од казнениот простор, а потоа со спектакуларни ножички ја затресе мрежата на противникот.

Нема сомнение дека го добивме фаворитот за познатата награда „Ференц Пушкаш“, која се доделува за најдобар гол на годината.

Погледнете го ремек делото на Габриел Рохас ….

The post ВИДЕО: Ваков гол се гледа еднаш на 100 години – Ремек дело за наградата Пушкаш! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico

Сподели: