Вести Свет Ударни вести

Си Џинпинг ставен на исто ниво со легендарниот лидер на партијата Мао Цетунг

Сподели:

Името на кинескиот претседател Си Џинпинг запишано е во Програмата на Комунистичката партија на Кина, што е симболичен чин кој актуелниот лидер го става на исто ниво со легендарниот лидер на партијата Мао Цетунг, јавуваат светските новински агенции.

„Мислата на на Џинпинг за социјализам на кинески начин карактеристичен за новата ера, од сега се наоѓа во програмата на партијата“, се наведува во соопштението од 19 Конгрес на Комунистичката партија. Мао Цетунг владееше во Кина од 1949 до 1976 година. 64 годишниот Си Џинпинг е на чело на партијата од 2012 година.

Ова дозволува Си Јинпинг да биде доживотен лидер на Кина, без можност да му биде изгласана недоверба. Ваква чест, да му биде впишано учењето во самиот Устав на партијата, досега имаше доживеано само Мао Це Тунг.

Сподели: