Сиљановска Давкова во Рим оствари средба со претставници на македонската дијаспора

Сподели

На средбата, соговорниците ја запознаа претседателката со нивните тековни активности и вклученоста на дијаспората во севкупните општествено-економски процеси во Италија. Во разговорот со г. Мунир Шемси, успешен бизнисмен и претседател на АПИ НОРДЕСT, претседателката беше информирана за заложбите на Комората, за неговиот личен и професионален развој, како и за над тридеценискиот хуман активизам насочен кон социјално ранливи семејства во неговиот роден крај.

Претседателката Сиљановска Давкова изрази благодарност за исклучителниот придонес на македонските иселеници во континуираното унапредување и продлабочување на соработката меѓу македонската и Италијанската република. Таа ја нагласи важноста од одржувањето на врските со дијаспората, што како нераскинлив дел од македонското ткиво доследно ги негува културата и традицијата, афирмирајќи ја нивната матична држава во странство. Во таа насока ја потенцираше и потребата од почитување на нивните согледувања на состојбите во нашето општество, имајќи ги предвид децениските искуства и демократски вредности стекнати во државите во коишто живеат и работат.

Средбата со претставниците на македонската дијаспора се реализира за време на посетата на претседателката Сиљановска Давкова на Италијанската Република и Светиот Престол, по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова за време на престојот во Рим, оствари средба со претставници на македонската дијаспора и на италијанско-македонската стопанска комора, АПИ НОРДЕСT.