Димитров: „Возиме сите напред кон ЕУ, таму каде што припаѓаме“

Сподели

 

„Почитувани скопјанки и скопјани, денес тукушто завршивме една убава иницијатива – возевме на велосипеди, на точаци, низ победничко Скопје. Симболот, мотото беше: Возиме сите напред кон ЕУ, таму каде што припаѓаме. Државата ни полни 29 години оваа година, долго време сме низ тунелот, на еден чекор сме до пристапни преговори со Европската Унија. Имаме огромна шанса и имаме намера да ја зграпчиме и да ја искористиме.

 

 

Во среда 15 јули, вие одлучувате дали ќе одиме напред. Од едната страна имаме напредок, од другата страна имаме враќање назад и буквално, пустош и катастрофа. Немојте да мислите дека некој друг ќе одлучи. Вашиот глас е важен, секој глас е важен. Излезете, гласајте дадете правец каде сакате да ни оди нашата Македонија.

Меѓу другото, сакаме да дадеме и политичка поддршка на велосипедскиот транспорт, и во Скопје и во другите градови, и меѓуградскиот велосипедски транспорт. Ако сакаме да бидеме здрава нација, треба да обезбедиме соодветна инфраструктура за велосипедите.“

Никола Димитров