Вести Свет Ударни вести

Силен земјотрес во Кина, најмалку 13 загинати

Сподели:

Тринаесет луѓе загинале, вклучувајќи и петмина туристи, а најмалку 175 биле ранети во силниот земјотрес што ги погоди планинските делови на југозападна Кина, соопштија локалните власти.

Земјотресот бил со сила од 6.5 степени во близина на популарниот национален парк Џиужајго. По главниот земјотрес следувале 400 помали по што дошло до уште еден од 6.5 степени во северозападниот дел на Кина, на границата со Казахстан.

Сподели: