Силен земјотрес во Турција со јачина од 7 степени

Сподели

 

Американската агенција за геолошки истражувања (УСГС) јави дека земјотресот имал јачина од 7 степени, а неговиот епицентар бил во Егејот, пред Сеферихиса, во турската провинција Измир. Агенцијата Анадолу јави дека земјотресот се случил во 14:51 часот по локално време.

Турските медиуми известуваат дека има повеќе оштетени објекти во Измир, а телевизијата ТРТ прикажа снимки од урната зграда во градот и извести за паника на улиците во текот на потресот. Според досегашните информации, прекинати биле телефонските линии. Гувернерот на Измир во интевју за ТРТ изјави дека досега не може да се дадат точни информации за жртви и штети.

Потресот се почувствувал и во Грција. Особено е погоден островот Самос, каде, според медиумски извештаи, има оштетени објекти.

DW